Фудбалерот на Јувентус, Андреа Пирло, се наоѓа на чекор до преселба во Њујорк Сити.
Играчот на Јувентус, деновиве во Њујорк го гледаше бејзбол натпреварот на „Јенкис“, на стадионот на кој игра и фудбалскиот клуб Њујорк Сити.
Италијанската „La Stampa“ пишува дека фудбалерот кој има уште една година договор со италијанскиот шампион, ќе остане во Јувентус до јануари наредната година.
Доколку стави потпис на договорот со њујоршкиот клуб, Пирло ќе игра заедно со Френк Лампард и Давид Виља.


