СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „насилство“.
На 3 април годнава Б.И.(35) од Тетово движејќи се со патничко возило „опел кадет“ по улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово бил запрен од Ј.И, по што бил повикан заедно да отидат и наводно да стават фолии на стаклата од возилото. По тиоа двајцата заминале кон ресторан во Тетово каде дошле и други лица кои му се заканувале на Б.И. по животот со пиштол, заради наводно украден лап-топ. Тие физички го нападнале, а оштетениот паднал во бессознание и се разбудил во Клиничка болница во Тетово.


