Србија ја победи Хрватска со 9:6 во финалето на Светската лига во ватерполо во Бергамо и српските ватерполисти обезбедија директно учество на Олимпијадата во Рио. Србија го победи својот голем ривал и ова е деветта круна за Србија во ова натпреварување, трета по ред. Хрватите одлично го започнаа натпреварот, и до средина на третата четвртина одржуваа водство, имаа убава предност од 5:3, кога Србија го подигна нивото и започна фантастична серија од 5:0 и поведе со 8:5, до крајот и двете селекции постигнаа по еден гол за конечни 9:6. Оваа победа на Србија и донесе учество на Олимписките игри во Рио и чек од 100.000 евра.


