Од утре цигарите поскапуваат за три денари. Оваа одредба доаѓа согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари.
Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.
Зголемувањето од по 3 денари на цигарите се предвивува се до први јули 2016, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.
Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава па така најскапата кутија цигари денес чини 120 денари, а за осум години ќе достигне цена од 154 денари.


