Заклучно со првиот квартал од годинава бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 6,1 милијарда евра, или 68,6 % од бруто домашниот производ, објави НБРМ.
Во споредба со салдото на крајот од 2014 та година, надворешниот долг се зголемил за 230,8 милиони евра.
Ако се анализира стуруктурата, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, а зад нив се банките и Народната банка.
Според податоците на министерството за финансии пак, јавниот долг изнесува 3,9 милијарди евра или на крајот од првиот квартал од годинава тој изнесувал 43,6%, што претставува едно од највисоките нивоа на задолженост измерени во последните 11 години.


