СВР-Струмица, Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија, до Обвинителство Велес поднесе кривична пријава, против Д.Ш (81) поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „полов напад врз дете“.
Имено пријавениот на 2 јули во периодот од 16,00 до 17,30 часот, на нива во атарот на с.Стојаково, кај м.в. „Голиот рид“ извршил блудни дејствија врз пет годишно дете. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Велес, на пријавениот му е одредена мерки притвор во траење од 30 дена.


