24 Вести: Владата со ново задолжување од речиси 25 милиони евра

Владата денеска се задолжи со скоро 25 милиони евра од домашните кредитори, што е  за 10 милиони евра повеќе од првично најавената сума. Операцијата ја спроведе преку четири аукции на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 1, 10 и 15 години, односно дел од парите ќе треба да се вратат во 2030 година, пишува 24 Вести.

Ако се анализира јавниот долг на државата токму внатрешното задолжување бележи зголемување. Според последните податоци заклучно со март државата кон домашните кредитори должи 1,2 милијарди евра. Темпото на внатрешно задолжување почнува да се зголемува по 2011, година кога внатрешниот јавен долг беше двојно помал и изнесуваше нешто повеќе од пола милијарда евра.

Целиот текст на следниот линк

Најчитани вести