Возачот што ја прегази новинарката на МРТВ бил под дејство на алкохол и марихуна

Триесет и седумгодишниот возач што завчера доцна вечерта ја прегази новинарката на МРТВ во Капиштец бил под дејство на алкохол и канабис, односно марихуана, соопшти Основното јавно обвинителство.

„Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице.

Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.

Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот.​

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести