Регресот за годишен одмор, популарниот К-15, останува обврска за работодавачите во приватниот сектор, но тие не мора да исплатат 40 отсто од просечната плата во земјата, односно 8.400 денари. Ова е договорено меѓу Сојузот на синдикатите (ССМ) и Организацијарта на работодавачи по еденомесечни договарања.
Горната граница за исплата на К-15 од 8.400 денари останува, но нема долен лимит за висината на К-15.
Тоа значи дека компаниите ќе имаат можност да им дадат на своите вработени К-15 онолку колку што сакаат или можат. Или воопшто да не исплатат, ако не се во можност.
Точната висина на регресот, доколку се исплати, ќе ја договораат работодавецот и претставници на синдикатот, ако има во фирмата синдикат, а во спротивно, со дел од вработените кои ќе ги препорача раководителот.


