Драматично расте бројот на граѓани и фирми кои навремено не можат да ги подмират личните финансиски обврски кон банките, компаниите и државата.
Според последните податоци на Народна банка на Македонија заклучно со мај, бројот на блокрани сметки по разни основи изнесува 234 727. Од нив 170 илјади се на граѓани, а 64.719 на компании.
Се’ повеќе граѓани се под блокада по основ на судски решенија за наплата на достасани долгови, додека долговите на фирмите се одржуваат на речиси исто ниво одреден период.
Инаку, во јануари годинава вкупниот број блокирани сметки изнесуваше 212 085.
Извор: Капитал


