Кумановка се обидела да се самоубие на автопатот Куманово-Табановце

Средовечна жена се обидела да си го одземе животот денеска околу 11.30 часот скокајќи од Бедински мост над автопатот Куманово-Табановце.

Случајни минувачи ја виделе жената која лежи на автопатската лента,и се уште давала знаци на живот. Веднаш биле повикани екипи на Итнта медицинска помош и полиција.

– Жената се здобила со скршеници на карлица ,долен и горен екстремитет, повреди има на главата,градскиот кош,има тешки повреди и мора да се упати на терцијално лекување – изјави доктор Методија Димковски хирург во општа болница Куманово.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести