Ребаланс на буџетот: Огромен дел од буџетот потрошен на пензии и социјални надоместоци

Најголемо учество во структурата на тековните расходи(87,6 милијарди денари) од буџетот во периодот јануари-јуни годинава имале трансферите, за кои во овој период се исплатија 56,7 милијарди денари, покажуваат податоците од ребелансот на буџетот за 2015 година.

Редовно се сервисираа обврските на државата по основ на исполнување на правата за загарантирана социјална заштита за што се реализираа 3,7 милијарди денари. Најголем дел од овие средства се парични надоместоци за ранливите категории граѓани, како и надоместоци по основ на детски и родителски додаток. За редовна исплата на пензиите се наменија 22,4 милијарди денари, а за финансирање на здравствените услуги и надоместоци се исплатија 11,5 милијарди денари. За исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и активни мерки за вработување се наменија 595 милиони денари. Од Буџетот на Република Македонија кон општините се трансферираа 7,3 милијарди денари како блок дотации за финансирање на пренесените надлежности, како и наменски дотации за финансирање на материјалните трошоци во локалните јавни установи. Исто така, се трансферираа и 866 милиони денари од приходот остварен од данок на додадена вредност. За субвенции во земјоделието во анализираниот период се исплатени вкупно 4,3 милијарди денари“, се вели во извештајот.

Извор: Емагазин

Најчитани вести