авното обвинителство извести дека денеска во Куманово, во сега веќе убиените татко и син пукал нивниот зет, државјанин на Косово кој привремено престојувал во Швајцарија.
„Тој со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал 71-годишниот Р.Р. од Куманово, додека 30-годишниот син се здобил со тешки телесни повреди му се пружа медицинска помош. Осомниченото лице во моментов е недостапен на органите на прогонот“, се вели во известувањето од ОЈО.
Фото: Агенција ИНА


