Денес регулаторната комисија за енергетика одлучи, вечерва од полноќ да се намали цената на бензинот и дизелот.
Цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 ќе се намали за 3,5 денари по литар, додека цената на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намалат за 2 денари по литар. Намалувањето се должи на падот на цените на нафтата на светските берзи во изминативе две недели и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Новите цени се следниве:
Еуросупер БС-95 – 67ден./литар
Еуросупер БС-98 – 69ден./литар
Еуродизел – 51ден./литар
Екстра лесно – 25ден./литар


