МТВ, Македонски шуми, овчарот Иснифарис и Бојку Леку – должници кон УЈП

Фирми и граѓани овој месец и должат на Управата за јавни приходи повеќе од 283 милиони евра, што е три милиони евра поголем од тој што УЈП го објави минатиот месец.

На листата на должници од 4.700 фирми и граѓани, 3.700 се правни лица, а илјада се физички лица, чии долгови стасале за плаќање до крајот на април, а се по основа на ДДВ, данок на добивка, данок на доход, акцизи и социјални придонеси.

Редовни должници се јавните претпријатија „Македонија-пат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“, но и фирмите „Ел дон Kастило“, „Ел аѕтека“ и „Мотор коач индустрија“.

Како должници се јавуваат и познатиот овчар Иснифарис Џемаили и контроверзниот бизнисмен од Велешта, Дилавер Бојку Леку.

Од вкупниот број должници 3.700 се фирми и компании, а илјада се физички лица.

Најчитани вести