ОКТА: Привремено е прекинато снабдувањето на „Макпетрол“

ОКТА не го прекинува договорот за снабдување со „Макпетрол“, туку само привремено го суспендира снабдувањето додека не биде нормализирана состојбата со банкарската сметка на компанијата, соопшти компанијата ОКТА.

Претходно, медиумите објавија дека рафинеријата „Окта“ одлучила да ја прекине испораката на горива на „Макпетрол“ откако обвинителството минатата недела ја замрзна сметката на компанијата и отвори истрага по кривичната пријава на МВР за менаџментот.

Најчитани вести