Сметките на Макпетрол се уште остануваат блокирани. Судот најавува дека денеска ќе донесе одлука по предлогот на Јавното обвнителство да се прифати жалбата на Макпетрол и Оилко и нивните сметките да бидат деблокирани, информира 24 Вести.
Бензинските станици на Макпетрол, според информациите, ги трошат последните залихи на на нафта и нафтени деривати.
Сметките на двете компании беа блокирани веднаш по поднесувањето на кривичните пријави за 21 лице, меѓу нив и за првиот човек на компанијата Андреа Јосифовски, членови на управниот и надзорниот одбор, како и за лица од централниот депозитар и комисијата за хартии од вредност.
Извор: 24 Вести


