Македонија, заедно со Ерменија, Белизе, Костарика, Хрватска, Грција, Црна Гора, Португалија е дел од неславниот „клуб 22“, односно земји во длабока криза, соопшти Jubilee Debt Campaign, јави „Јутарњи.хр“, пренесе Капитал.
Во клубот на 22 – те земји во длабока криза, Македонија го зазема 14 -то место, а од земјите од регионот, има подобар резултат од Хрватска, која е на четвртото место и Грција, која е на деветтото место.
Според извештајот, овие земји ги карактеризира високо ниво на државни долгови и голем нето надворешен долг.
Во продолжение листата на неславниот клуб 22, односно земји во длабока криза:
- Ерменија
- Белизе
- Костарика
- Хрватска
- Кипар
- Доминиканска Република
- Салвадор
- Гамбија
- Грција
- Гренада
- Ирска
- Јамајка
- Либан
- Македонија
- Маршаслки оствори
- Црна Гора
- Португалија
- Шпанија
- Шри Ланка
- Ст. Винсет и Гренадини
- Тунис
- Украина


