ЧЕСТИТКИ ЗА ЗОРАН ЗАЕВ!
Честитки за прифаќањето на предлогот “Македонија една изборна единица!“ Честитки за покажаната храброст и демократски капацитет! Честитки за Зоран Заев!
Сега Груевски е на потег. Бидејки е убеден дека народот го сака, нека го прифати овој предлог за конечно да го смениме црно-белиот свет на македонската политичката сцена!
Влегувањето на најмалку десетина пратеници од помалите политички партии во Собранието на РМ значително ќе ја подобри демократската клима во Македонија.
Или, како што напишав пред два дена. Македонија една изборна единица! ДОСТОИНСТВО самостојно на парламентарни избори. Најмалку три пратеници на ДОСТОИНСТВО во Собрание. А потоа! Граѓаните да видат како треба со криминал и криминалци!
Ирак, 20.08.2015.
Фејсбук статус на Претседателот на ДОСТОИНСТВО, Генерал Стојанче Ангелов.


