Од Геронтолошкиот завод во Скопје не кажуваат како настапила смртта на 52 годишната Нина Диму, која вчера наутро беше донесена од интерното одделени при клиничката болница во Тетово. Ниту докторите од Клиничката болница во Тетово кои последниве два дена и прижаа здравствена услуга на 52 годишната пациентка не сакаа да коментираат во каква здравствена состојба е пратена Диму во заводот, пишува Телма.
Од Центарот за социјални работи велат дека Клиничката болница во Тетово одлучила дека Нина треба да бида испишана од болничката установа. Каква и била здравствената состојба одговор треба да дадат лекарите, изјави директорот на Центарот за социјални Работи, Тетово Насер Садики.
Нина како социјален случај живееше без семејство. Но институциите, кои навреме требаа да и пружат помош на оваа тетовка, постојано одговорноста за нејзината грижа меѓусебно ја префрлаа. Соседите обвинија дека повеќе пати барале Нина да биде згрижена од Центарот за социјални работи.
Неколку дена пред нејзината смрт Нина Диму, лежеше во бесознание на руинирана соба, во која живеше 15 години. За неподвижната жена соседите водеа грижа се до пред еден недела, кога нагло и се влошило здравјето. Тие побарале помош од тетовската болница, од каде во неколку наврати како што кажуваа , првично одбиле да и пружат здравствена нега.
Во неделата тетовската брза помош на 52 годишната пациентка и пружија здравствена услуга, но утредента околу 21 часот, Диму во бесознание со амбулантно возило беше вратена во својот дом. По објавувањето на сторијата на Телма, Диму веднаш беже згрижена во Клиничката болница во Тетово, од каде беше препратена во Домот за стари лица Мајка Тереза при Геронтолошкиот завод во Скопје, каде згазна нејзиниот живот за кој институциите одамна кренаа раце.


