Пожарникари синоќа спасиле маж и жена од провалија на Водно

Екипа на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, вчеравечер спаси маж и жена кои паднале во провалија на падините на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат.

„Екипата на БППЗ составена од шест пожарникари и предводена од командантот на првата чета, Сретко Цимевски, на терен успешно интервенираше со техничка опрема соодветна за интервенции при вакви несреќни случаи. Интервенирано е на непристапен терен на длабочина од 50 до 100 метри“, соопшти Град Скопје.

Интервенцијата започнала веднаш по примената дојава од маж околу 19.20 часот и била успешно завршена во 22.15 часот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести