Во Основниот суд Скопје 1 в понеделник ќе започне главната расправа за страотната сообраќајка кај „Зебра“ во која загина новинарката од МТВ, Сузана Тодоровска-Павловска.
За трагедијата обвинет е 37-годишниот Дејан Блажевски. Сообраќајката се случи годинава на деветти јули пред катната гаража „Зебра“.
По истрагата, Блажевски е во притвор. Истражителите тврдат дека тој во моментите кога случила несреќата имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час.


