Противпожарната бригада информира дека од запалена скара избувнал пожар во ресторанот „Манастирска пештера“ (бивша „Мечкина дупка“), кај манастирот „Света Богодорица“ на Матка.
Се запалила скарата, но нема поголема материјална штета. Навреме е реагирано од страна на вработените и брзо е изгаснат пожарот.





