Велосипедист загина во сообраќајна незгода што вчера попладне се случи на магистралниот пат Струга – Ќафасан.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека незгодата се случила во 15.45 часот на излезот од Струга.
– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „шевролет спарк“ и велосипедист. Велосипедистот веднаш бил пренесен во струшката Општа болница, каде им подлегнал на поврдите – изјави Димоски.
Екипа составена од јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото, а истрагата треба да ги утврди причините за незгодата.


