Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случи на патот Прилеп-Градско на Плетвар. Според првичните информации има и загинати. Загинале маж и дете, а една жена е во животна опасност
Сообраќајката се случила меѓу камион, автомобил и комбе. Идентитетот на загинатите полицијата се уште не го соопштува. Судирот бил толку силен што интервенирала и противпожарната единица за да ги исече возилата и да ги извлече повредените и настраданите
Поради увид кој го вршеа истражните органи сообраќајот во двете насоки беше во прекин.


