Обвинетиот Бојан Блажевски денеска ја призна одговорноста за сообраќајката во која загина новинарката од Македонско радио, Сузана Тодоровска – Павловска, и побара прошка од нејзиното семејство, информира Плусинфо.
Блажевски денеска во Основниот суд Скопје 1, каде започна судењето, за тешката сообраќајка кај трговскиот центар „Зебра“ што се случи во јули годинава, побара да му биде судено според законот.
Според обвинението, возачот Блажевски, во моментите кога случила несреќата имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павловска.


