Двајца мажи убиени кај скопско Количани

Светислав Р. од Кичево и негов познаник чиј идентитет засега е непознат за полицијата, вчера се најдени мртви во возило „ровер“ на локалниот пат од Драчево кон скопското село Количани, извести МВР.

Телата на двајцата мажи се откриени синоќа околу 19.40 часот. Крај телата на мртвите е пронајден и пиштол кој е однесен на вештачење. По наредба на јавен обвинител, телата се однесени на Институтот за судска медицина за обдукција.

Се претпоставува дека причината е кавга за дрва.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести