Драма во судницата во велешки суд на објавувањето на пресудата на обвинетите Радо и Драган Јовановски од Кавадарци за кривичното дело убиство во обид. Кога ја слушна пресудата дека неговиот син Драган е виновен за кривичното дело и осуден со затворска казна од 9 години, педесет и три годишниот Радо се струполи на подот во судницата, си го голтна јазикот и се вкочани па само присебноста на новинарот Петар Печков го спаси од смрт, јавува Дума.мк
Во метежот што се создаде додека Радо се грчеше на земја, најголем дел од присутните се исплашија и испаничија, Печков со рака успеа да му го извади голтнатиот јазик на Радо и да го поврати во живот. Сликата беше стресна за сите присутни, судии, порота, судски полицајци и новинари. Потоа сите се обидуваа што побргу да ја донесат брзата помош пред зградата на судот во Велес и што поскоро да му биде укажана неопходната медицинска помош на осудениот кавадарчанец. Радо Јованов заврши во велешката болница и не слушна дека и тој е прогласен за виновен и му беше изречена казна затвор во времетраење од 7,5 години.
Повеќе прочитајте на Дума.мк


