Фотографијата од мртвото бебе ја објавила на Фејсбук!

Мирјана Миклејиќ (46) од селото Бусура кај Петровец на Млави е уапсена поради сомнение дека штотуку роденото бебе го закопала во бавчата.

Таа никаде не ја водела бременоста ниту пријавила дека детето го родила дома. Но, она што го предизвикало вниманието на мештаните и полицијата е што Мирјана фотографиајта од мртвото бебе, целото во крв, ја објавила на својот профил на Фејсбук.

Обдукцијата на бебето се уште не е готова, а по обдукцијата ќе се утврди дали детето е родено мртво или Мирјана ќе се товари за чедоморство. Мештаните на Бусура велат дека не можеле да веруваат кога во понеделникот вечер полицијата дошла во куќата на Мирјана. А, по полицијата дошле и пожарникарите

– Наводно ископале во бавчата дете. Бебето било закопано на длабочина од 20-тина см, а преку него биле нафрлени тули – велат мештаните на ова село, додавајќи дека не знаат кој пријавил во полицијата дека Мирјана се породила, но дека нема дете, и дека „некои чудни случувања имало во бавчата“.

Според зборовите на жителите на ова село, Мирјана не ја криела бременоста.

– Сите го видоа нејзиниот стомак. Се фотографираше и трудничките фотографии ги поставуваше на Фејбук. Кој е, меѓутоа, таткото, не знаеме. Молчеше за тоа. Можеби е и некој оженет маж – рекол мештанин.

Сепак, сите велат дека повеќе од чудно било однесувањето на Мирјана по породувањето.

– Кој става на Фејсбук фотографија од мртво бебе и пишува „за ова се умира“, а и фотографии од своите деца и пишува „за ова се живее“. Не е нормално жена која ќе роди мртво бебе или на која бебето и умира при породувањето да има доволно сила за тоа да ги информира пријателите преку Фејсбук – велат мештаните.

Она што е уште поневеројатно е дека фотографијата на мртвото бебе ја „лајкувале“ нејзините пријатели, меѓу кои има и деца.
Мирјана била два пати мажена. Од првиот брак има две возрасни ќерки, кои се на околу 30-годишна, а од вториот ќерка и син, кои одат во основно училиште.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести