Фабриката Висетон Електроник Македонија, некогашен Џонсон Контролс се затвора. Стигна официјална потврда од команијата, за информацијата на Алсат-м објавена пред два дена, дека Бунарџик останува со еден инвеститор помалку.
„На 1 јуни Вистеон ги информираше вработените во производствената фабрика во Скопје дека компанијата планира да престане со работа во овие погони до крајот на 2016 година, поради вишок капацитети во европското производство на компанијата, изјави за Алсат-М, Џона Кристенсен, одговорна за комуникации во “Вистеон” од Велика Британија.
Од компанијата објаснуваат дека се водат преговори со потенцијален купувач за можноста „трета страна да ја преземе сопственоста на фабриката и да понуди вработување на дел од постојната работна сила”, стои во дописот што го испратија до Алсат-М.
Деталите од преговорите за продажба на фабриката во Бунарџик не ги соопштуваат бидејќи ги сметаат за деловна тајна.
Извор: Алсат – М


