Прилепчанец украл златни обетки од 6-годишно девојче

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Прилеп за разбојништво и тешка кражба на дрзок начин.

На 4 септември пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над шестгодишно девојче при што ѝ одзел златни обетки.

На 7 септември пак, пријавениот нападнал уште една прилепчанка. Искористувајќи ја шансата додека оштетената Д.Д. стоела на ул. Тризла, насилно ѝ ги одзел обетките од ушите.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести