Како што извести СВР Скопје, инцидентот се случил вчера околу 16.45 часот на ул. „Јани Лукровски“, М.И.(39) кој бил заедно со негов пријател во автомобил „фолксваген пасат“, ја активирал сирената за да сигнализира на автомобилот пред него да тргне. Но наместо тоа, излегол возачот со пушка – пумпарка во рацете, која потоа ја вперил кон „пасатот“ па набргу заминал.
М.И. веднаш потоа го пријавил инцидентот в полиција, а „алфите“ го пронашле заканувачот набргу. Станува збор за Б.М.(34) од Штип, со кого е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира СВР Скопје.


