Скопјанка си го расекла телото поради невозвратена љубов, докторите едвај ја спасиле

Хирург, реаниматор и психијатар од штипската клиничка болница, едвај спасиле млада скопјанка од смрт.

Таа како итен случај е донесена од Пробиштип со сериозни исеченици по рацете, телото и лицето кои си ги направила сама. Скопјанката, на возраст од само 20 години, била во опасност да искрвари до смрт, зашто раните воопшто не биле наивни, тврдат болнички извори за ТВ Стар.

Причината за ваква суровост кон себе, била љубовна мака. Неа пред само неколку денови ја оставило момчето од Пробиштип, поради што таа паднала во тешка депресија. Убедена дека љубовта ќе си ја врати назад, таа заминала кај него дома, но откако тој не попуштил пред нејзините убедувања и аргументи, на неа и попуштиле нервите, па со скршено шише си го испосекла телото пред негови очи, пренесува ТВ Стар.

Целиот текст е тука.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести