(ВИДЕО) СДСМ: Груевски, каде се новите 5000 работни места во Ранковце?

Прес конференција, СДСМ Крива Паланка

Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка

 

Пред повеќе од година и пол, Никола Груевски најави влез на турскиот инвеститор Веибо Груп, најави инвестиција од 400 милиони долари и отворање над 5 илјади нови работни места.

borjanco5

Поминаа 18 месеци. Погледнете. Нема ништо од најавите на Груевски. Уште едно лажно ветување на премиерот во заминување.

Во слободната зона во Ранковце нема ништо освен неколку незавршени објекти.

borjanco1

Никола Груевски има должност да одговори каде е инвестицијата од 400 милиони евра?

Зошто нема отворено ниту едно а не нови 5.000 работни места?

borjanco3

borjanco2

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја ветуваа и брзата сообраќајница со четири коловозни ленти на релација Ранковце – Крива Паланка. Нова железничка пруга и автопат кон Бугарија. Ветуваа нови гранични премини кон Голеш и Трговиште. Нов патен правец во должина од 17км кон Македонска Каменица.

Ништо од овие ветени проекти, значајни за граѓаните на Крива Паланка и целиот северо-источен регион не се реализирани.

Граѓаните се заборавени.

Како последица на 9 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, немаштија продира во домовите на над 45 проценти сиромашни граѓани на целиот исток. Блокирани и ликвидирани се фирми, празни и напуштени се слободните економски зони, распаднати се болници.

Овие штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, ќе бидат поразени во април 2016 година.

Најчитани вести