Трагедија – загинаа две момчиња во сообраќајна несреќа

Две момчиња загинале во тешка сообраќајна несреќа што по 15 часот се случила на регионалниот пат Куманово-Пчиња, во близина на каменоломот Краста, јавува Kumanovonews.

Неофицијално, како што пишувапорталот, до несреќата дошло кога џип Хјундаи, кој се движел од Пчиња кон градот излетал од патот во нива, во моментот кога се разминувал со автомобил Голф.

Во несреќата две момчиња починале на лице место, а има и повредени.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести