13-годишно дете загина на Илинденска во Скопје – Пунто удрило во него додека возело велосипед

Трагедија во Скопје. 13 – годишно дете е прегазено во близина на фонтаната во Градскиот парк на улица Илинденска.
Според МВР, трагедијата се случила во 18 часот и 40 минути кога возило пунто управувано од 47 годишна скопјанка со иницијали М.Л.удрила во детето кое возело велосипед. Детето било пренесено во Ургентиниот центар во Скопје, каде им подлегнало на повредите.

Извршен е увид и се утрдуваат причините за несреќата. Неофицијално дознаваме дека на местото на несреќата немало траги од кочење.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести