Велосипед научил да вози во училишниот двор од најрана возраст. Често се случувало со друштво да замине во градскиот парк. Трианесетгодишниот Давид Анѓеловски во петокот со велосипедот не се врати дома. Беше прегазен на булеварот Илинденска, пренесува Телма.
Фиат „Пунто“ кое се движело од правец на владата, налетало на момчето кое во тој момент се наоѓало во втората коловозна лента на пешачкиот премин кај градската фонтана. Од ударот со десното крило велосипедотодлетал педесетина метри, а Анѓеловски останал да лежи повреден на асфалтот. Таткото на Давид, уверува – „Мојот син ги знаеше и ги почитуваше сообраќајните правила“.
Тврди, дека со возилото управувала жена со инцијали М.Л. кои ги потврди и полицијата. Поради емотивната состојба во која се наоѓа тој не можеше да деде изјава пред камерата, но тврди дека возачот воопшто не го забележала Давид на пешачкиот премин.
Меѓу некролозите е и овој од семејството Лукареви тие не се роднини на Давид, а таткото се сомнева дека тоа е семејството на жената која го прегази.
Прилогот во целост на Телма



