Изгоре автомобилот на поранешниот градоначалник на Прилеп

Ноќеска околу 3.30 часот било запалено возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп, доктор Сашо Пирганоски. Возилото марка „цитроен ксара“ кое било паркирано пред семејната куќа на Пирганоски, целосно е уништено, објави Револуционер.

На местото на настанот излезе увидна екипа на полициската станица од Прилеп, додека возилото на Територијалната противпожарна единица пристигнало дури 30 минути после пријавувањето на пожарот. Доктор Пирганоски за порталот Револуционер вели дека не добил закани.

– До сега во мојот живот сум немал ни една закана, не можам да се сомневам во никој, поради тоа, домашните ми кажаа дека има сведоци на настанот, останува на полицијата да го расветли случајот – објснува тој.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести