(ВИДЕО) Давид Стојчевски починал гол и во агонија во затвор во САД

Триесет и две годишниот Давид Стојчевски откако не можeл да плати казна од 772 долари за сообраќаен прекршок во Детроит, добил 30 дена затворска казна. За околу две недели престој во затворот во Макомб ослабел 25 килограми. По неколку дена како зависник од метадон бил префрлен сам во ќелија со 24 часовен надзор како превенција од самоубиство. Според правилата, на затворот ваквите затвореници во овие ќелиите престојуваат голи.

На видеото се гледа дека Давид почнува чудно да се однесува, да халуцинира, да се тресе, да зборува самиот со себе, но никој не реагира, односно според затворските прописите да го преместат во т.н. ќелија за детоксикаџија.

Семејството на Давид една година по неговата смрт поднесе тужба против државата. Според нив, надлежните затворски службеници не реагирале соодветно иако цело време гледале што му се случувало на Давид во ќелијата. Тие сакаат целиот свет да ја види агонијата на нивниот син, за во иднина да не се повтори.

По поднесената тужба, случајот се појави во јавноста заедно со видеото од тоа што му се случувало на Стојчевски во затворот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести