Дрвокрадци ја нападнаа шумската полиција во Прилеп, има и повредени

Околу 18 часот во ромската населба Тризла во Прилеп, нападнати се припадници на шумската полиција. Според информациите на порталот Револуционер, настанот се случил во близина на џамијата во изградба.

Еден од припадниците на шумската полиција е со потешки повреди, фрактура на черепот, а останатите тројца се со полесни повреди по телото. Дрвокрадците успеале да го демолираат и возилото со кое што била шумската полиција.

Увидната екипа од полиција е излезена на терен и врши увид на местото на настанот, јавува Револуционер.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести