Беџети: Светска банка се разбуди, а еден ден ќе се расветли зошто молчеше за фискалната недисциплина на власта

Академик Абдулменаф Беџети гостува во Економски магазин, денеска во 18:15 часот на Алсат-М телевизија. Во продолжение кратка најава со дел од разговорот:

Сега во септемврискиот извештај што Светска банка го објави пред неколку дена, за првпат тие се загрижени за надминување на параметрите што Владата во Македонија сама си ги постави со фискалната стратегија.

„Каде беше Светската банка до сега или имала лични врски, како што самиот Ставрески вели: Со својот личен ангажман и личниот капитал во лични врски кои ги има со канцеларијата на Светската банка создал поволности за да се замижи пред овие политики. Еден ден и тоа ќе се расветли, вели Абдулменаф Беџети за Економски магазин.

Еврообврзница: Големите банки во Македонија се блиску до дозволениот лимит за кредитирање на државата преку државни обврзници и благајнички записи, затоа Владата најавува задолжување на странските пазари со издавање на еврообврзница?!

Централната банка со нормативно регулирање ограничува не повеќе од 15% од личниот капитал на банката за да можат да се изложат во државата, било тоа преку благајнички записи или државнни хартии од вредност. Во двата случаи тоа има граница, поголемите банки и сигурен сум во тоа, имам микроанализи за три поголеми банки како што е Стопанска банка, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска речиси се 8,9,10% близу оваа граница. Тие немаат веќе граница да се изложат пред државата. Во вакви услови, знаејќи ја оваа констелација сигурно дека проекциите се да се избие на надворешните пазари. Што значи ова? Од економски аспект е позитивно, да не се исцрпи домашниот кредитен потенцијал и да се остави тоа за домашната економија. Од друга страна, сумите за задолжувањата ќе бидат многу поскапи од домашните, во услови кога проблемот на политичката криза во земјава го изложува ризикот на државата и ризикот на државата е повисок, паралелно со нивото на ризикот на државата оди и нормата на цената односно каматата, вели Беџети за Економски магазин.

Предлог Буџет за 2016 година, реален или владина авантура за задржување на власта? Целиот разговор со академик Абдулменаф Беџети, гледајте го во Економски магазин, во 18.15 минути.

Најчитани вести