На крајот секирите на рамо и палмите, нема со што да се грееме

Кој се грее на македонско огревно дрво? Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, анализира Телма телевизија.

Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.

Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што ќе најде, скопските шпорети голтаат се и сешто.

Каде завршија 600 илјади кубни метри даб, бука и габер. За работата на јавното претпријатие сведочат соголените ридови, а за недостатокот празните складови.

Секое утро на вработените им започнува со толпа гневни граѓани, кои платиле однапред. Чекаат со месеци, добиваат изговори.

Целиот прилог и видеото тука 

Најчитани вести