Страшна сообраќајна несреќа утринава се случи во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Околу 6.15 часот на улицата „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајката, во која загина еден пешак.
Поради лошите услови за сообраќај, како и увидот на местото на несреќата се создаде голема колона од возила. Сообраќајот кон населбата и кон центарот на Скопје се одвива отежнато.
Фото Репортер.мк



