Обид за грабеж на банка во скопската населба Ѓорче Петров се случил денеска, потврдуваат од МВР.
Маскиран разбојник со оружје влегол во експозитура на Стопанска банка, а по разбојништвотвото се обидел да избега.
Алфите почнале потера по него и го пресретнале кај мостот Влајко. Според првичните информации, разбојникот е повреден и е во болница.
Првично, разбојникот почнал да пука кон Алфите, кои возвратиле на огнот. Тој го запрел возилото и со итна помош е пренесен во болница.
Дополнително ќе се утврдува за какви повреди се работи. Увид е во тек, пиштолот на разбојникот е обезбеден.


