Од силината на ударот Лада нива „влезе“ во куќа во населбата Глишиќ

Денеска во раните утрински часови, на ул. Шишка во населбата Глишиќ, на кривината спроти фонтаната, во улична трка со автомобили, една кола удира во паркирано возило Лада нива, од силата на ударот заедно влегуваат во собата на куќата од фотографијата, потоа стрес, нарушен мир, нарушен сон, па проверуваме дали децата ни се дома, што стана, што се случи, кои се, како се и.т.н… А и од двете страни куќи, дворови, луѓе. Не животни, луѓе! – пишува на Фејсбук Трајанка Митрова.

lada
Улично осветлување нема. Легнати полицајци нема, (имаше, ама и покрај револтот и апелот на жителите, ги извадија). Брзо возење. Улична трка со автомобили, улична трка со камиони, кипери. И на сето одозгора немавме вода 24 часа? 24 часа? А празник, викенд, се прават зимници, се вари ракија, се чисти по дома, се пери, децата се спремаат за на училиште. Нема каде да се јавиш, нема отворена линија за информации, па макар и поплаки и жалби, никаква транспарентност, ништо. Си велам, ајде да се јавам кај раководителот на водовод и канализација во ЈП Комуналец, ами тој како да е Обама, никогаш го нема, никогаш не се јавува и уште повеќе, ова е мое лично мислење, ама сигурна сум дека многумина го мислат истото, кога не го бидува човекот, зошто упорно некој го држи. Добро, бидејќи истовремено е и претседател на синдикатот и претседател на Комисијата за јавни набавки во ЈП Комуналец, претпоставувам дека сам се држи, а и тешко му е, каде попрво да одговори човекот. Празничен викенд за мерак. П.С Јас онака, па нели сум новинар, само си ја вршам работата – додава Митрова.

lada3

 

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести