На три локации во Куманово ноќеска околу полноќ биле запалени 11 возила, потврдија од единицата за противпожарна заштита во градот. Градоначалникот Зоран Дамјановски изјави дека бил информиран од противпожарната единица оти 5 од запалените возила биле на вработени во МВР.
Од полицијата во Куманово засега само информација дека возилата биле запалени на 4 локации и оти тие вршат увид, Со повеќе информации ќе излезеле во текот на денов.
Извор:РСЕ
Фото:kumanovonews.com


