МВР: Над петмина уапсени во акцијата во кумановско

Најмалку петмина се уапсени во полициската акција против лица инволвирани во настаните во Диво Насеље во Куманово.

– Акцијата се спроведува главно во кумановските села Брест, Малино и Отља, изјави за Телма, портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Лицата се осомничени за дејствија поврзани со криминално-терористичката група од кумановската Дива населба, која на 9. и 10 мај годинава се судри со полицијата.

По распитот во полиција предадени во Кривичниот суд во Скопје, и изведени се пред судија за предходна постапка.

Се очекува во текот на денот на прес конференција МВР да даде повеќе детали.

Во мајската акција против риминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести