Брат и сестра од Делчево се борат за живот. Наместо бонбони, голтнале тешки седативи. Ги нашле играјќи си на улицата позната како Пустевски ендек во Делчево. Децата се на возраст од 7 и 4 години околу 18 часот биле примени во делчевската Итна помош во тешка здравствена состојба, објави штипската телевизија Стар.
– Фамилијата донесе таблети „асентра“ и кај едното дете најдовме таблети „верапамил“ – изјави д-р. Гоце Стојменовски, раководител на Итна медицинска служба во Делчево.
Драмата за да спасат двата детски животи во делчевската брза помош траела неколку часа. Децата се префрлени на Детската клиника во Скопје.


