Неочекуваното заминување на Мухамед Зекири од позицијата главен уредник, но и од програмите на Алсат телевизија беше збунувачка вест, која помина без објаснувања за причините и за поводот.Ексклузивно за „Фокус“, Зекири признава дека ваквиот крај на неговата кариера во Алсат е резултат на притисоците на ДУИ врз сопственикот, Ферик Велија, односно неговите врски и пријателства со врхушката на интегративците.
Како главен фактор за неговата „егзекуција“ го посочува Беким Незири, кој сега е поставен за шеф на Изборниот штаб на ДУИ.
За првпат открива дека имало обиди да биде замолчен и порано, но успевал да се справи со тоа.
– Нема да дозволам врз мој грб да се извршуваат некои политики со кои не се согласувам. Нема да дозволам да му служам на злото – ја објаснува Зекири својата одлука за заминување од Алсат и најавува дека наскоро ќе го гледаме на програмите на друга телевизија.
Целото интервју на Мухамед Зекири со Јадранка Костова прочитајте го во најновиот број на неделникот Фокус.


