Шеесетгодишен битолчанец силувал три девојчиња

Шеесетгодишен битолчанец доби кривична пријава поради сомнение дека извршил „полов напад на дете кое не наполнило 14 години”.

Тој во два наврати овој месец, со неговото патничко возило ги зел трите малолетни деца, две сестри и нивната малолетна другарка, кои се наоѓале кај лулашки во Градскиот парк, ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село каде врз сите три извршил друго полово дејствие, соопшти МВР.

Битолчанецот е во 30-дневен притвор.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести